Трајче Илиоски потпиша професионален бокс договор

Прилепскиот надежен боксер Трајче Илиоски – „Македонската машина“ потпиша професионален договор со Про бокс Македонија под раководство на Дарко Чатлески, а како дел од Тимот Чатлески.

На денешната прес-конферннција неговиот тренер и менаџер Дарко Чатлески информираше за договорот кој е потпишан од страна на боксерот Трајче Илиоски и Чатлески, како и  Австралиската промотерска куќа „DragonFire” и менаџерот Тони Тољ. Се Илиоски првата борба да ја има на 18 годишна возраст во супервелтер категорија.

Илиоски истакна дека ја има целосната доверба во луѓето кои работат со него  а во исто време истакна дека со макотрпна работа ќе ја надогради својата кариера и дека ќе возврати со одлични резултати.Илиоски со тимот на Чатлески работи од свооите девет години и посветено и мотивирано чекор по чекор доаѓа во ситуација да прерасне во вистински борец во супервелтер категорија.

Со потпишувањето на овој договор се продлабочува соработката на релација Чатлески – Тољ , менаџер кој работи со најпрестижните боксерски федерации како WBC,IBF,WBA, и WBO.Затоа и ваквата одлука на ПроБокс Македонија е вистинска, смета првиот човек на организацијата кој се надева дека Илиоски набргу ќе добие шанса да се истакне и промовира во светски рамки.

За време на промоцијата тимот Чатлески не заборави да се заблагодари на својот медицински тим предводен од др – Оливер Тасески и секако на дијагностичката лабараторија Максим.Претседателот на организацијта ПБМ ,Дарко Чатлески, во овој проект и сите активности кои и претстојат на организацијата  најави и формирање на медиа пробокс  тим, задолжен за уште поголема афирмација на боксот како спорт и следење на ПБМ во светот.

Промоцијата наТрајче Илиоски, организаторот ПБМ ја искористи и да го најави враќањето на нашиот професионален боксер Саше Митрески во боксот ,во периодот некаде помеѓу октомври и декември кој последниот настап го имаше во Охрид во 2002 година против боксер од Аргентина. Митрески е првиот македонскиот боксер кој ги има освоено титулите во WBF, WBA и WBF во периодот од 2001/2002 година. Планот е на тие настани да настапат прилепски боксери и да се промовира македонскиот професионален бокс.

Македонската боксерска машина, Трајче Илиоски  пред себе има предизвик кој ќе го чини про-кариера, па затоа подршката е повеќе од потребна. Потенцијал, сила и енергија има кај ова момче кое сака да го дофати светот. Сега е вистинско време за негово рангирање и што повеќе борби во рингот.

Фото: Радиопела.мк

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО