Трајан Ангелов: Очекувам медал од Светското првенство во Пловдив

Трајан Ангелов од Радовиш, поранешен борач на Бучим од најславните денови, се подготвува да настапи на Светско првенство за ветерани во Пловдив, Бугарија, од 11 до 15 октомври.

„Тренирам секојдневно по двапати и очекуваме медал. Оваа година ќе се натпреварувам во категоријата за борачи на возраст од 55 до 60 години“, вели Ангелов кој на последното Светско првенство во Атина, Грција, се бореше за бронзениот медал и беше поразен од Иранец.

„Оваа година очекувам медал“, категоричен е неуморниот борач за кого Светското првенство идната година во Скопје ќе биде вистински предизвик и потсетување на најдобрите денови.

Со него цело време на тренинзите му помагаат Тони Танчев и Кристијан Крстев, како спаринг партнери.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО