Трагична вест од Бергамо: Поранешниот европски шампион ја загуби борбата со Ковид-19

Поранешниот европски шампион од Италија, Анџело Ротоли почина од коронавирус. „Тутоспорт“ објави дека 61-годишниот боксер ја загубил битката во болница во Бергамо.

За да биде уште поголема трагедијата, две недели претходно поради пандемијата ги загубил мајката и братот.

Ротоли беше шампион на Италија и Европа во минатото во крузер категорија, а во 1987 година го освои ВБЦ појасот.

Во текот на кариерата имаше 35 борби, а победи во 30, додека запиша и три порази и две нерешни борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО