Трагедија во Сплит – почина младиот кикбоксер и хрватски репрезентативец Лука Томиќ

Од Сплит пристигна тажна вест. Кикбоксерот и хрватски репрезентативец Лука Томиќ (19) загина во сообраќајна несреќа, пренесува Спортске новости.

Томиќ беше член на Амено џим. Клубот се огласи на социјалните мрежи, а од Лука се простија и членовите на Пит бул.

„Изразуваме длабоко сочувство до семејството, како и до нашиот пријателски клуб салата Амено и тренерот Миливој Бајиќ поради прераното заминување на младиот кикбоксер и хрватски репрезентативец Лука Томиќ. Лука, почивај во мир Божји“, пишува во објавата на Фејсбук на Пи бул џим.

Во својата кариера беше светски јуниорски шампион, како и сениор светски вицешампион. Три пати беше европски сениорски шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON