Трагедија ги потресе кечерите! Три поранешни ѕвезди починаа во ист ден

Голем удар за кечерскиот спорт откако три поранешни ѕвезди починаа во исти ден. Станува збор за Брајан Лоулер, Николај Волков и Брикхаус Браун. Тие го напуштија овоземскиот живот во неделата на 46, 70 и 57 години.

Тројната трагична вест ги потресе другите воини, како и многуте фанови на забавното спортско шоу.

Лоулер се обидел да се самоубие откако беше уапсен во Тенеси поради возење под влијание на дрога. Иако веднаш бил однесен во болница, починал следниот ден. Лоулер е син на друг борач – Џери Лоулер, а е познат по неговото партнерство со Скот Гарланд. Двајцата се натпреваруваа под прекарот Гранд Мастерс Саксој и Скоти ту Хости.

Николај Волков е роден во Хрватска со вистинското име Јосип Перузовиќ. Беше еден од најмрачаните ВВЕ ликови, играјќи ја улогата на Русин. Николај почина во својот дом во Мериленд по неодамнешниот болнички престој. Досега, сепак, причината за неговата смрт не е наведена.

Брикхаус Браун, се натпреваруваше под името Фредерик Сијрајт, пред една година доби дијагноза рак на простата. За жал, тој не успеа да се избори против оваа болест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON