Мек Грегор потврди дека ќе се бори во Лас Вегас, а остануваат само два датуми

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Конор Мек Грегор, го планира своето враќање во Лас Вегас, а не во Њујорк. Тоа го откри во краткото „блиц“ интервју за ТМЗ, кое беше објавено во вторникот.

ТМЗ го „фати“ Ирецот додека трачаше низ Њујорк …

Првин не беше воодушевен за штобило да коментира, за на крајот сепак да каже неколку реченици.

„Се чувствувам одлично, феноменално. И многу сум среќен за победата на Алдо. Ова е многу суров бизнис и драго ми е поради него и поради неговиот тренер Андре Педеррнеирас што стигна до таква победа со прекин. Цела Ирска беше среќна таа вечер што победи Алдо“, рече кратко Мек Грегор пред да продолжи да трча, но новинарите трчаа по него.

„Ќе видиме што ќе се случи. Би сакал да се борам тука во Медисон сквер гарден. Но, верувам дека овој меч ќе се одржи во Лас Вегас“, одговори Мек Грегор.

Се обѕир на тоа дека до крајот на годината УФЦ има само два настани во Лас Вегас, првин оној на 6 октомври (УФЦ 229), а потоа и оној на 29 декември (УФЦ 232), јасно е дека Озлогалсениот треба да го гледаме на еден од овие два настани. Двете се одржуваат во новата Т-Мобиле арена.

Запрашани за името на противникот, односно дали тоа ќе биде Хабиб Нурмагомедов, Мек Грегор не сакаше да одговори, но рече: „Верувам дека сме блиску до договор“.

Овие денови Ирецот го расчисти проблемот за инцидентот пред УФЦ 223 во Бруклин. Тоа беше првиот предуслов за УФЦ воопшто да може да го планира неговото враќање во 2018 година, бидејќи во најцрното сценарио му се закануваше затвор за напад врз автобусот на УФЦ борците. Но, Мек Грегор и неговите адвокати успеаја да се спогодат и сè помина прилично глатко и елегантно.

Потсетуваме дека поранешниот двократен светски првак на УФЦ во акција не сме го виделе од 2016 година и мечот против Еди Алварез кога на титула во перолесна категорија и ја додаде и онаа во лесна. Во 2017 година направи само боксерски меч против Флојд Мејведер, во кој заработи сто милиони долари.

https://www.instagram.com/p/Bl41ZMAg–9/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

https://www.instagram.com/p/Bl6FivBA2vb/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО