Тотален хаос на БЏЏ Старс: Борец по расправа со публиката предизвика масовна тепачка (ВИДЕО)

Оваа сабота во Сао Паоло се одржа настанот БЏЏ Старс на кој се собраа бројни истакнати имиња меѓу кои и неколку џиу џицу светски прваци.

Сепак, и покрај неколкуте големи дуели, главната приказна на настанот беше однесувањето на Ерберт Сантос, повеќекратен шампион на ИБЏЏФ/ IBJJF натпреварувањата.

Имено, Сантос во оваа пригода се бореше против Филипе Пена, во еден од најисчекуваните дуели на вечерта, но по неколку минути го повреди коленото. Потоа на борилиштето се најде докторот кој го прегледуваше коленото на Сантос, а овој во исто време се фрли во дискусија со некој од публиката. Кокви зборови беа разменети, во овие моменти не е познато, но Ерберта толку го налутиле што одеднаш стана и се залета спрема гледачите и почна масовно тепачка.

Се чинеше за момент дека оние најприбраните може да ја смират ситуацијата, но потоа Сантос се затрча и хаосот го префрли на другата страна. Во новото туркање заврши на подот, а камерите го фатија и моментот кога неговиот противник од мечот Пена го удари со нога пред да се стави во ред целата ситуација …

Сантос, се разбира, е дисквалификуван за инцидентот.

https://www.instagram.com/p/BuQKxEggXiE/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BuQLCQXHsWA/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО