Вчера кикбоксерот и ММА борец Тоше Цветков излезе со апел за помош на настраданите од невремето и поплавите во Скопје и скопско. Сите оние што сакат да помогнат за настраданите од поплавите во сабота на 13 август 12 часот да бидат на плоштадот „Македонија“, кај споменикот на „Александар Македонски“.
„До сега имам голема поддршка. Заедно работиме на организизацијата за настраданите со нашиот бодибилдер Владимир Ангелов и Бокс клубот 10 60 од Ѓорче Петров, кој го предводи Живорад Стојановски. Исто така на акцијата се приклучи и Валентин Јовиќ, нашиот санда и кик бокс борец.
Сите мои другари, пријатели, колеги и фанови кои сакаат да помогнат се тука. Очекувам да се јават и другите клубови и да дојдат во поголем број и да помогнат на настрданите од поплавите. Да се собереме што повеќе облека и други намирници. Ги замолувам да дојдат во поголем број. Ова не е за да зарбаотиме поени туку, да помогнеме на луѓето на навистина и треба помош. Спортски поздрав – ОСУ“, вели Тоше Цветков и додава дека сите донации ќе ги однесат лично до настраданите семејства, за да помогнат барем на 2-3 семејства.
„Ние сите сме борци и треба во оваа борба треба да победиме заедно“, категоричен е Цветков.
На плоштадот ќе бидат изведени дел од боречките вештини.
Ipon.mk/В.Д.