Олимписки игриЏудо
Бронзениот џудист на ОИ Дирк ван Тилт – ограбен и натепан на Копакабана
Освојувачот на бронзениот медал во џудо на Олимписките игри во Рио, Дирк ван Тилт (-73 кг) од Белгија бил нападнат на плажата Копакабана.
Инцидентите на Олимписките игри во Рио стануваат секојдневие.
Белгинаецот по освоениот бронзен медал, заедно со своите пријатели бил на Копакабана каде го прославувале успехот. На еден од неговите пријатели му го украле мобилниот телефон, Тилт потрчал да го врати мобилниот но добил неколку удари со кои му биле нанесени повреди.
Џудистот пријавил во полиција, а веднаш му била укажана и лекарска помош.




