Топурија: Сакам да го победам Махачев пред Хабиб – тие се арогантни и суетни

28-годишниот непоразен шампион во лесна категорија на УФЦ, Илија Топурија, ги сподели своите ставови за можна борба со актуелниот шампион во велтер категорија на организацијата, Ислам Махачев.
„Мислам дека една од моите силни страни е граплирањето, но во последно време се помирив со фактот дека тоа не е она што публиката сака да го види. Сепак, во случајот со Ислам, можеби токму ова го очекуваат сите. Против него, ќе доминирам во стоечка положба, ќе зададам три или четири точни удари на вистинското место и ќе победам пред очите на Хабиб – навистина сакам ова да се случи.
Тие се самобендисани и арогантни. Ако Хабиб одлучи да интервенира по ова (по мојата победа), со задоволство ќе го згазам и него“, рече Топурија, цитиран од Ред корнер ММА на социјалната мрежа X.



