Топурија изјави дека Волкановски ќе му биде најлесниот меч во кариерата: Ќе има нула прилики, нема никакви шанси

Ова се многу храбри зборови на младиот Топурија кој наскоро ќе се најде пред шампион како Волкановски.

Непоразениот Илија Топурија е нов предизвик за шампионот Александар Волкановски, а дуото ќе се сретнат на настанот УФЦ 298 во февруари наредната година. Волкановски претрпе тежок пораз со нокаут во првата рунда од Ислам Махачев, но овој пат го брани појасот во перо категорија.

Иако многумина предвидуваат дека Волкановски ќе го реши Топурија, Илија нема да се согласи со ваквите тврдења. Во неодамнешното интервју за ЕСПН тој зборуваше за неговите предности во однос на Волкановски, но и за тоа што очекува шампионот да му понуди откако ќе се затвори вратата од кафезот.

„Тој нема никакви шанси против мене, ќе има апсолутно нула шанса. Не гледам дупки кај него, но знам како напаѓа, а единствениот напад што ќе се обиде да го упати кон мене е неговиот „лоу кик“. Тоа е единственото нешто што може да го направи“, започна Топурија.

„Тој има многу добра кондиција, но секој го прави тоа додека не се најдат под голем притисок. Кога одите напред, секогаш ќе имате добро кардио, но кога сте во неволја, тоа кардио ќе ве напушти. Токму така ќе биде, затоа што пред себе ќе има борец кој никогаш не отстапува. Ова ќе биде една од најлесните борби во мојата кариера досега“, додаде тој.

Ова се многу храбри зборови на младиот Топурија кој наскоро ќе се најде пред шампион како Волкановски. Ќе мора да ги поткрепи своите зборови во кафезот доколку сака да биде сфатен сериозно, а за тоа избра многу тежок противник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО