Топурија гледа историски потенцијал во можната борба со Мек Грегор

Илија Топурија (15-0) се стреми да стане новото лице на мешаните боречки вештини, откако се искачи на врвот во перо категорија со нокаутирање на Александар Волкановски (26-4) во Анахајм во февруари. Оттогаш, постојано ја истакнува намерата да се бори со Конор Мек Грегор, бидејќи се гледа себеси како негов директен наследник во спортот. Сега ги потврди намерите во интервју за Спортскеда.

„Се надевам дека ќе можам да го победам Макс Холовеј за неговиот појас и потоа да се борам со Конор Мек Грегор. Доколку го добие претстојниот меч, тоа ќе биде мечот што ќе го посакувам. Тоа ќе биде најголемиот во историјата на мешаните боречки вештини. Ќе има најмногу продадени влезници, најмногу продадени ППГ, ќе биде најмногу во се“, категоричен е Шпанецот.

Досегашниот рекорд на ППГ го држи „Озлогласениот“ против Хабиб Нурмагомедов кога беа продадени 2,4 милиони билети. УФЦ 243 го држи рекордот за најмногу публика кога организаторите продадоа 57.127 билети за галата со Роберт Витакер и Израел Адесања на стадионот Марвел во Мелбурн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON