Топ 5 ипони на Гран при Португалија (ВИДЕО)

Гран при натпреварот во џудо во Алмада, Португалија, беше прв од ваков вид во 2022 година.

Во португалскиот град се сретнаа некои од најдобрите џудисти од целиот свет. На Големата награда на Португалија учествуваа вкупно 301 натпреварувач од 41 земја – 179 мажи и 122 жени.

Покрај медалите, џудистите се бореа и за што повеќе бодови за да им дадат поголеми шанси за две години да освојат норма за Олимпијадата во Париз.

Еве ги петте најдобри ипони кои беа наградени на натпреварот:

  1. Матијас Касе (Белгија), -81 кг, 1 место
  2. Инбар Ланир (Израел), -78 кг, 3 место (Жени)
  3. Гонзало Оливеира (Португалија), -66 кг, 7 место
  4. Дистрија Красники (Косово), -52 кг, 1 место (Жени)
  5. Хорхе Фонсека (Португалија), -100 кг, 1 место
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО