Хабиб одговори на прозивката на Џејк Пол: Се би завршило за неколку минути

Неодамна, ѕвездата на Јутјуб, Џејк Пол, повтори дека би сакал да се обиде во ММА, па дури и го прозва Хабиб Нурмагомедов.

Поранешниот шампион на УФЦ му понуди на јутјуберот шанса во неговата промоција на Игл ФЦ/ Eagle FC, која минатата недела го имаше својот прв настан во САД.

Џејк зад себе има пет боксерски меча и исто толку победи, а сега покажа желба да се испроба и во ММА.

Поранешната ѕвезда на Дизни ја прифати понудата на Хабиб под услов: „Само ако прво се борам со тебе“.

Непоразениот Дагестанец ја коментираше изјавата на Пол за време на гостувањето во Подкастот Full Send.

„Во ММА се би се завршило за неколку минути. Гледав дел од неговите спаринг натпревари и тој допрва треба да учи“, изјави Хабиб Нурмагомедов и додаде:

„Не е лош во боксот и гледам дека може да погоди, но борењето е нешто друго. Но, ако сака, може да добие шанса. Нека го потпише договорот, па ќе видиме“.

Поранешниот шампион се осврна и на мечот против Конор Мек Грегор во октомври 2018 година кога во четвртата рунда со задушување го совлада Ирецот.

Мек Грегор ги крена тензиите со непримерни изјави во деновите пред борбата, а нивната кулминација беше достигната веднаш по мечот кога Дагестанецот ја прескокна оградата од кафезот и се обиде да се пресмета со луѓето од тимот на Конор.

Негова цел беше Дилон Данис, а акцијата на Хабиб запали искра во октагонот каде неколку членови на шампионскиот тим го нападнаа Мек Грегор.

Нурмагомедов откри зошто толку се налутил по борбата.

„Се подготвував за битка, влегов во октагонот и се борев против Конор. И на крајот го предаде мечот. Се прашував зошто сум тука и дали тренирав за тоа“, рече Хабиб Нурмагомедов и заклучи:

„Штом го фатив за главата, тој се предаде. Тоа ме налути. Се сеќавам и дека некој од неговиот агол фрли нешто многу лично“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО