Топ 10 најдобри боксерски филмови

Веројатно има стотици филмови направени за големи боксери и за импресивни животни настани. Неодамна излезе реангирање на првите 10 боксерски филмови од Холивуд и продукциите се навистина импресивни и тешко дека има љубител на спортот кој никогаш не ги гледал.

Еве го рангирањето:

РОКИ

Првиот филм беше објавен во 1976 година и има многу мал буџет. Сепак, тој ги собори калсификациите и го откри Силвестер Сталоне во кино салите. Првата продукција на серијата добива два Оскари – Најдобра слика и најдобра режија. Следеа уште пет филмови – Роки 2 (1979), Роки 3 (1982), Роки 4 (1985), Роки 5 (1990) и Роки Балбоа (2006).

РАЗЈАРЕНИОТ БИК

Објавен е во 1980 година, ја раскажува приказната за поранешниот светски шампион Џејк Ламота. Филмот е во режија на Мартин Скорсезе, а глуми Роберт де Ниро. Доби Оскар за најдобар актер. Филмот беше награден со статуетка за најдобра редакција.

ДИГСТАУН

Филмот е од 1992 година и глуми Џејмс Вудс. Пензионираниот боксер излегува од затвор и почнува да организира натпревари во боксот. Големиот облог е да се победат 10 противници во рок од 24 часа.

АЛИ

Најдобриот биографски филм за Мухамед Али. Филмот е од 2001 година, а улогата на легендарниот боксер ја толкува Вил Смит. Со голем број номинации за главна улога и споредна улога на Џон Војт.

БЕЗ ДОГОВОР

Во сижето на филмот од 2002 година е приказната боксерски меч во затвор. Долгогодишниот светски шампион во тешка категорија Џорџ Чемберс, со прекар „Леден човек“, издржува казна и треба да се бори со шампионот на затворот Монро, кој е без пораз зад решетките.

ДЕВОЈКА ЗА МИЛИОНИ

Хилари Свонк ја презема улогата на Меги Фитџералд, кревајќи се од обична келнерка во кандидат за светска титула. Филмот е од 2004 година, а режисерот Клинт Иствуд е во главната улога. Филмот освои четири Оскари – Најдобра слика, најдобар режисер (Клинт Иствуд), најдобра актерка (Хилари Свонк) и најдобра споредна улога (Морган Фримен).

НОКДАУН

Филмот на Рон Хауард од 2005 година ја раскажува вистинската приказна за Џејмс Бредок, кој направи суперсензација во 1935 година совладувајќи го Макс Баер и стана светски шампион во тешка категорија. Филмот добива три номинации за Оскар, во кој глуми Расел Кроу.

БОРЕЦ

Биографски филм за Мики Вард во која глуми Марк Валберг. Кристијан Бејл го игра полубратот на Вард и доби Оскар за најдобра споредна улога. Мелиса Лео играше мајка и менаџер на Вард и исто така доби Оскар.

ОБРАТЕН ГАРД

Филмот е многу влијателен, иако згаснува во позадината на вистинските приказни. Приказната се однесува на боксерот Били Хоуп, кој минува низ тешка лична драма и се обидува да ја обнови својата кариера и да му даде ново значење на неговиот живот.

КРИД

Филмот е од 2015 година и е од серијалот Роки, а ја раскажува приказната за вонбрачниот син  на шампионот Аполо Крид – Адонис. Роки го зема под закрила и го доведува до врвот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО