Тони Фергусон одби бонус од 200 илјади долари за борба со Махачев

Поранешниот привремен шампион во лесна категорија Тони Фергусон не сака да се бори против Ислам Махачев.

Пред неколку дена, Али Абделазиз му понуди бонус на Тони од 100.000 долари, доколку прифати борба со кратко известување против неговиот клиент. Махачев требаше да се бори со Рафаел дош Анхош на УФЦ 254, но Бразилецот се повлече поради Ковид-19.

Фергусон ја одби првата понуда и напиша дека му должи 200.000 долари и 20 склекови. Ова го испровоцира Абделазиз и напиша две чека од по 100.000 долари на име Фергусон. Првите 100.000 долари се за прифаќање на битката, а вторите 100.000 за пораз на Махачев.

Абделазиз: „Шампионе, ти рече дека ти должам 200 000 долари. Еве ги, бори се со Ислам Махачев и собери ги парите. Ти си во од“.

Сепак, ова не го импресионираше Тони Фергусон, кој реши да ја одбие понудата од Али Абделазиз. Тони го навреди познатиот менаџер и рече дека нема да земе мито.

Фергусон: „Заеби го ова твое мито. Кажете му на вашиот клиент Нурмагомедов дека ми должи 200.000 долари и 20 склекови“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО