Тони Фергусон не е задоволен од изјавите дадени од Хабиб Нурмагомедов во неговото обраќање. Пред неколку дена, непоразениот шампион во лесна категорија рече дека Фергусон претрпе премногу штета во неговата последна борба и е завршил со големите борби во УФЦ. На почетокот на оваа година, Тони го претрпе најлошиот пораз во кариерата.
Тој загуби со нокаут од Џастин Гејџи во борбата за привремената титула, ставајќи крај на серијата од 12 победи. Фергусон направи му нанесе голема штета, а според Нурмагомедов ова е фатално. Викендов Хабиб ќе се бори против Гејџи за обединување на титулите, а Тони е сигурен дека ќе добие нова шанса против непоразениот Дагестанец.
„Чувствувам страв во неговиот глас, ако смета дека треба да зборува лошо за луѓето. Тој не може да ми наштети со неговите изјави. Ќе се борам со Хабиб порано или подоцна. Ќе се видиме во кафезот пред да се повлече. Ова ќе се случи. Мислам дека сите ме отпишуваат по еден пораз, но заебете ги.
Страстните навивачи се повеќе од оние кои слабо го следат овој спорт. Тие знаат многу и знаат дека сум многу вреден. Мајкл Чендлер не ја заслужи шансата за врвот, но ако Дана Вајт го посака тоа, јас сум подготвен. Сакам да се борам во декември. Подготвен сум, ајде да го направиме тоа.
Сепак, не верувам дека некој што доаѓа сега треба да земе повеќе пари од мене. Научив многу за себе и нема да се ставам во позиција да направам толку многу штета. Сакав да проверам колку сум тврд и сега разбрав. Луѓето се плашат да прават такви работи. Научив како да работам подобро и поефикасно“, изјави „Ел Кукуј“ за ЕСПН.
Претходно битката меѓу Хабиб и Фергусон пропадна 5 пати. Нурмагомедов наскоро ќе се повлече од ММА, а Дана Вајт веќе објави дека е подготвен да им ја даде 6-тата последна шанса.
Tony Ferguson (@TonyFergusonXT), on Khabib Nurmagomedov telling me last week he doesn’t think Tony will ever be the same …
“Everybody is writing me off after one loss. F—- them.” pic.twitter.com/51AeEJrZvU
— Brett Okamoto (@bokamotoESPN) October 22, 2020