Фабрицио Вредум: Потпишувам со Белатор и го чекам Емилијаненко (ВИДЕО)

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Фабрицио Вердум ја избра новата организација. 43-годишниот Бразилец планира да потпише со Белатор и да чека борба со поранешениот ривал Федор Емелијаненко.

„Ваи Кавало“ беше тој што ја запре легендарната серија на Емелијаненко од 27 последователни победи за 10 години. Фабрицио го заврши за 69 секунди во 2010 година.

Интересен е фактот што Вердум има победа и над Александар Емелијаненко, братот на Федор. Вердум има учинок 24-9-1 во ММА, 18 борби се со завршница.

Вердум ја прекина серијата од два порази со победата над Александар Густафсон во јули во последната борба од договорот со УФЦ. Опасниот Бразилец веќе не е во цутот на младоста и планира за две години да се пензионира.

„Останува само Федор Емелијаненко да потпише. Пред некое време тој рече дека е подготвен за реванш, но не знам дали ќе прифати. Сега чекаме да потпише и ова ќе биде мојата прва битка во организацијата. Сакам да направам повеќе борби во Белатор. Сакам да се борам често, а не да чекам.

Дали го избирам Белатор? Да, ги избирам 100 проценти. Сакам да се борам за нив во следните две години, кои ќе бидат мои последни. Сега е важно битката со Емелијаненко да се случи. Ќе биде совршено. Ако не, тогаш ќе се борам со другите. Го почитувам Скот Кокер и ќе се борам против другите борци во неговата организација“,  рече Вердум за медиумите во Бразил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО