Дилиен Вајт: Поветкин знае дека можам да го нокаутирам

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Дилиeн Вајт, наскоро повторно ќе се најде во рингот за реваншот со Александар Поветкин во Велика Британија, во обид да му се реваншира за поразот.

На крајот на август ја видовме нивната прва борба, во која Вајт се претстави добро и го собори Поветкин, но во 5-тата рунда Александар брутално го нокаутира.

Поразот ја запре серијата од 11 последователни победи на Дилиен, кој го претрпе само вториот пораз во кариерата. За Вајт реваншот е сè или ништо. Тој е подготвен да даде се од себе во рингот.

„Мислам дека тој ќе биде подготвен за војна, како што беше во првата битка. Верувам дека можам да победам секого. Можам да го победам Поветкин и тој го знае тоа. Многу луѓе се смееја, но ова е тешка категорија. Еден удар менува сè. Знам дека можам да го победам и да го нокаутирам.

Изгубив, но имав два одлични ттренинг кампови и ќе имам две големи борби. Се борам со подобри ривали од некои шампиони. Не сум исплашен. Само сакам да се борам. Направив мала грешка, но следниот пат ќе бидам подготвен“, рече Вајт за ИФЛ ТВ.

https://www.instagram.com/p/CFpshN0gSSX/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО