Кинг конг го дозна името на противникот

Луис Ортиз, поранешен предизвикувач број 1 за титулата во тешка категорија, го дозна името на противникот. Кубанецот ќе се сретне со Александар Флорес, а судирот ќе биде во рамките на гала вечерта што ќе се одржи на 7 ноември во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес, САД. Мечот ќе биде во 10 рунди, објави boxingscene.com.

Потсетуваме, пред неколку дена самиот боксер откри дека планира да се врати на рингот во ноември.

Луис Ортиз не боксирал веќе 11 месеци. Последен пат влезе во рингот во ноември 2019 година кога загуби од Дионтеј Вајлдер во судир за титулата во тешка категорија на ВБЦ.

Александар Флорес има биланс од 18 победи (16 со нокаут), 1 нерешено и 2 порази (Чарлс Мартин и Џозеф Паркер) во професионалниот боксерски ринг. 30-годишниот американски боксер последен пат влезе во рингот во ноември 2019 година, совладувајќи го Марко Хередија со технички нокаут во шестата рунда.

Кинг Конг, пак, во професионалниот ринг има биланс од 31 победа (26 со нокаут) и 2 порази (од Дионтеј Вајлдер). Тој е рангиран на 10-то место на авторитетното рангирање на боксерскиот сајт – boxrec.com. Кубанецот е рангиран на 5-тото место во рангирањето на магазинот „Ринг“ меѓу најтешките. Кинг Конг е број три на рангирањето на ВБА и ВБЦ, како и 9-ти на ИБО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО