Тони Џонсон ќе ја брани титулата против Алихан Вахаев на АЦА 137

Тони Џонсон ќе ја брани титулата во тешка категорија против опасниот Алихан Вахаев. Тие ќе се борат на настанот ACA 137 кој ќе се одржи на 6 март во Краснодар.

Џонсон има скор 16-5-1-1 во ММА и е во серија од 3 последователни нокаут победи. Тони победува на 10 средби со завршница, а двапати губи на тој начин. Има две одбрани титулата и во последните пет борби учествувал во шампионски мечеви. Џонсон загуби само една од последните 8 ММА борби.

Вахаев, пак, има скор 11-2 во ММА и е во серија од 7 последователни победи, од кои 3 со нокаут во АЦА. Алихан загуби само една од неговите последни 10 ММА борби. Заврши 8 од своите противници и не загубил со нокаут во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON