Тони Белју: Верувам, дека можам да го нокаутирам Усик

Британскиот боксер Тони Белју (30-2-1) е подготвен да се бори со Александар Усик во полутешка категорија, но во битката залог да бидат 4-ите шампионски појаси кои ги поседува Украинецот.

„Ова мора да биде борба за четирите појаси, инаку нема смисла. Знам дека Усик сака да се прилагоди на мене и е подготвен да се бори во тешка категорија. Тој го сака тоа, бидејќи има тешкотии да влезе во тешка категорија. Не би рекол дека за да се вклопам во категорија до 90,7 килограми ќе биде без проблеми за мене, само треба да располагам со малку повеќе време. Можам да се справам без проблем“, рече Тони Белју.

„Веројатно малку ќе биде болно, но, се разбира, имам можност да ги освојам сите четири појаси. Навистина верувам дека можам да го нокутирам Усик. Импресиониран сум од него, мислам дека Мурат Гасиев изгледаше беззабо кога стигна до 4-тата рунда. Изгледаше како да е во целосен ќорсокак, но правилно прогнозирав како ќе се развива тој турнир и кој ќе победи на него“, додаде Белју.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON