Арум: Канело ќе плати без допинг, Головкин ќе го нокаутира

Боб Арум не верува дека Канело во реваншот ќе пружи подеднакво добра борба против Генади Головкин како во првиот меч кој заврши без победник во септември 2017 година.

Говорејќи за ЕСПН прославениот промотор рече дека Мексиканцот без допинг нема да може да се справи со казахстанскиот нокаутер.

„Предвидувам дека Трпл Г ќе победи. Канело ќе ја платат цената кога ќе се бори без допинг. Мислам дека ќе го нокаутира“.

Алварез (49-1-2, 34 КО) стана професионалец со 15 години и за време на неговата кариера покажа цврста брада.

Реваншот ќе се одржи во Лас Вегас на 15 септември. 28-годишниот Канело инсистира на тоа дека не е бил допингуван и верува дека Головкин цело време го споменува допингот бидејќи бара изговор за можниот пораз.

„Тој може да каже што сака. Мислам дека бара изговор, затоа што на 15 септември ќе изгуби. Мислам дека треба мало истражувања и ќе видите дека кленбутерол не е стероид. Тоа не е стероид, и не ви помага. Дефинитивно, измислува многу изговори. Знае дека ќе изгуби“, рече Мексиканецотза ЕСПН депортес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО