Том Аспинал ќе биде подготвен да влезе како замена на мечот меѓу Миочиќ и Џонс

Американскиот борец со хрватски корени Стипе Миочиќ ќе се обиде уште еднаш да ја освои титулата шампион на УФЦ во тешка категорија.

Имено, деновиве и официјално беше потврдено дека на 16 ноември во Медисон сквер гарден ќе се одржи настанот УФЦ 309, кој ќе биде предводен од мечот меѓу шампионот во тешка категорија Џон Џонс и Стипе Миочиќ.

Навивачите со голем ентузијазам ја прифатија веста, а задоволен е и привремениот шампион Том Аспинал, кој веќе некое време бара голема борба.

„Конечно, на 16 ноември во Медисон сквер гарден во Њујорк ќе се одржи борбата за титулата во тешка категорија. После долго време конечно го потврдија мечот. Секако дека ќе бидам таму да ги гледам двајцата големи господа. Прифатив да бидам резервен борец, ако некој се повреди или мора да се откаже поради некоја причина, ќе бидам подготвен да се вмешам“, изјави Том Аспинал и додаде:

„Подготвен сум да се борам со двајцата во иста вечер доколку е потребно. Дајте ми ја таа шанса да се борам за титулата. Во УФЦ не треба да имаш двајца шампиони во една категорија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON