Гоце Ангелов положи за судија 2 категорија на ЕП во Лутраки

Македонскиот судија во борење Гоце Ангелов на Европското првенство за У-15 во Лутраки, Грција, од 15 до 18 мај оваа година, положи за судија 2 категорија.

Ангелов теоретскиот дел го полагаше онлајн, а практичниот на ЕП во Лутраки, и сето тоа од прв пат.

„Тешко е да се положи. Не е баш лесно“, вели Ангелов.

Неговиот клуб Спартак напредува не само на душекот, туку и на судиски план, бидејќи тој е втор кочанчанец со лиценца од 2 категорија, пред него положи Игор Христов. Судиска лиценца од 1 категорија има Даниел Илиев од Штип.

Инаку, Гоце Ангелов е секретар на Спартак, клуб кој има видлив напредок во овие години.

Наредниот предизвик за Ангелов е да стане судија од 1 категорија. Се надеваме дека тоа брзо ќе се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО