Меѓународна сценаММА

Том Аспинал е подготвен за боксерски двобој со Френсис Нгану

Актуелниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Том Аспинал, изјави дека е отворен за боксерски меч против поранешниот носител на појасот на организацијата, а сега борец на ПФЛ – Френсис Нгану.

„Нема да се обидам да освојам светска титула во бокс. За мене, на 33 години, е нереално да верувам дека можам да станам светски шампион во бокс. Но, можам да имам една или две егзибициски борби, големи борби. Немам ништо против да се соочам со борец од MMA. Мислам дека Нгану би бил добра опција. Но, прво треба да одржам неколку натпревари во УФЦ“, рече Аспинал, пренесе Чемпиошип раундс на социјалната мрежа X.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON