Тофик Мусаев (18-3) е победник на Гран прито на Ризин во лесна категорија.
Азербејџанцот го освои турнирот победувајќи го во финалето во „Саитама супер арена“ со едногласна одлука на судиите Патрики Фреир (23-9).
И двајцата во првата борба на вечерта славеа со нокаути.
Мусаев во возбудливо полуфинале во првата рунда го нокаутира Американецот Џони Кас (27-7-1), додека Бразилецот со фудбалски удар во првата рунда дојде до победа над сонародникот Луис Густаво (10-2).
„Питбул“ го рушеше Густаво со десно кроше и го нападна со газење и фудбалски удари. Густаво успеа да се крене за кратко за Фреир повторно да го прати на подот со тупаници и да заврши со фудбалски удар во аголот.
Во другите мечеви,камерунско-италијанскиот полутешкаш Симон Бојонг (7-1) со удари во втората рунда го присили на предавање Русинот Виталиј Шеметов (14-9-1НЦ).