Ромеро добива шанса за титулата против Адесања

Дана Вајт потврди дека организацијата планира меч меѓу Израел Адесања и Јоел Ромеро за титулата во средна категорија. Претседателот на УФЦ рече дека тие имаат датум за средбата, но сè уште не сакаат да го објават. Се појавија гласини дека ќе се борат во март на УФЦ 248 во Вегас, но ова не може да се потврди во моментот.

Првично, организацијата планираше Адесања да се сретне со Паоло Коста, но Бразилецот се повредаи  го оддлечи од кафезот, а шампионот сака да се бори. Скоро сите во средна категорија се зафатени и очигледно Ромеро ќе добие уште една шанса за појасот, што може да му биде последна со оглед на неговата возраст.

„Да, имаме датум, но сè уште нема да го објавиме. Адесања ја сака оваа борба и сака да се бори против Ромеро. Никој не сака да се бори против Ромеро. Никој не вели дека сака да се бори против него, но Адесања го сака“, рече Дана Вајт во интервју за ЕСПН за битката помеѓу Адесања и Ромеро.

.На својот профил на социјалните мрежи, Кубанецот рече дека е подготвен и му понудил пенкало на својот противник да го потпише договорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО