ТКД Кобра по успехот на Скопје опен 2018: Напорната работа и посветеноста даваат надеж за врвни резултати (ФОТО)

Катерина Михјалова, тренер во Таековондо клубот Кобра, го оценува настапот на Скопје опен 2018 за успешен, бидјеќи го освоија третото место во јуниорска конкуренција, иако повеќето од натпреварувачите (30), односно половината настапија во конкуренција на деца, а останатите во кадети и јуниори.

Наредниот предизвик за овој клуб е на 5 мај во Албанија, а потоа и Астерикс опен во Ниш, каде што има околу 1000 учесници.

„Ова беше прв меѓународен турнир годинава во Македонија, притоа и најмасовен, што значи дека конкуренцијата беше доста силна во секоја категорија. Тоа подразбира дека треба да поминеш по две-три борби, а некаде и повеќе, за да се стигне до посакуваниот медал“, вели Михајлова и додава:

„Кобра како 5-то пласиран клуб на турнирот со задоволство истакнува дека имаше многу солиден настап, а најмногу се истакнаа Радомировска Викторија јуниор со две победи и пораз во финалето од натпреварувач  од Бугарија, потоа балканскиот вицешампион Трајковски Дамјан кој во апсолутна категорија направи фантастична борба освојувајќи 20 поени против противник од Србија. Од кадетите ќе ја истаканам Јана Ѓоргиева која го освои златниот медал. Таа имаше две борби во кои покажа убава техника за совладување на противникот“.

Таа истакнува дека нивниот клуб неуморно работи за секој нов предизвик се со цел да се оставарат нови победи и освојат медали.

„Напорната работа во клубот и посветеноста даваат надеж дека натпреварувачи и од нашиот клуб ќе ги следат успесите на Дејан и Анамарија Геориевски“, заклучува Михајлова.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО