Ипонот во кендото, односно сечењето, е многу едноствано, не е како во каратето или џудото, но е со многу дух во себе. Спојот меѓу телото и духот треба да ги направиш во срцето за да може да направите ипон- укжува Ишии.
Јапонецот Такатцу Ишии, кедно и ајаидо мајстор, кој одржа семинар во Скопје, вели дека македонското кендо е добро, затоа што има добра база. Тој се надева дека и понатаму кендото ќе има добар развој во Македонија.
Иако овие вештини не се многу познати на овие простори, а кај нас се презентирани од мајсторот Златко Кецковски, Ишии ќе рече дека инструктори ќе се обучат, затоа што тој своето знаење му го пренесува на Кецковски, кој пак е задолжен да направи и други инструктори во нашата земја, за да може да се развиваат овие спортови во регионот.
За тоа, што вусшност претсваува кендото, дали е само удирање со стапови или нешто повеќе Ишии велиЧ ЌКендото е пат на воинот, односно духот на самурајот. Кендото е близу до спортот ама не е спортЌ.
Основата на боречките вештини е правовремено користење на паметот-умот и движењето. НН истакнува движењето на организмот и мозокот се судираат во срцето како емоционална вредност.
– Ипонот во кендото, односно сечењето, е многу едноствано, не е како во каратето или џудото, но е со многу дух во себе. Спојот меѓу телото и духот треба да ги направиш во срцето за да може да направите ипон- укжува Ишии.
Моментот на брзината на дејствување и пресретнување на противникот сенсеи НН го открива преку очите на неговиот противник.
– Го гледам во очи, бидејќи тој преку нив ти се отвора до крај- истакнува тој.
На демонстрациите на семинарот во Скопје Ишии покажа дека малите луѓе по конституција може со многу мала сила и леснотија да се спротистават на поголемите и посилните луѓе. Моментот на мало движење-пресретнување со кој се одбива (одбранува) од налетот на поголема сила, односно поголем и посилен противник, Ишии има едноствно објаснување дека во кендото нема снага-сила, туку се користи умот.
Сенсеи Ишии нагласува дека високите степенио во кендо не се борат, и дека во оваа вештина најважен е менталниот склоп-духот и дека другото не е важно. Додека она што го гледаме на филмовите и кое помалку ни се чини како неверојатно, како сечењето на јаболко, кое останува цело се до подоцнежниот допир од човек, за да се констатира дека е пресечено преку средината, Ишии истакнува дека идејата на сечењето е перцептниот сектор и дека тоа се прави меко. Ако се употреби сила, нема совршено сечење.
Традиционалната вештина на самураите-кендото, во Јапонија ја одржуваат околу два милиони луѓе, кои активно ја вежбаат оваа вештина.
– Кендото е заштитетен како национална вештина. Во училиштата од 5-9 одделение задолжително се вежба или кендо или џудо- посочува Ишии.
Од друга страна, менаџерите на големите фирми како Тојота, Мазада, Хонда, Канон и други, имаат кендо клубови и имаат лига на фирмите, во која се натпреваруваат тие.
Сенсеи Ишии истакнува дека во неговата земја нема никакви пречки странците да ја изучуваат оваа традиционална јапонска вештина и дека се добро прифатени. До сега Европа има пет мајстори по кендо со седми дан и еден осми дан. Во Европа кендото е присутно околу 40 години, а на Балканот влегува подоцна.
За себе вели дека додека е жив ќе се бави со кендо. Но, тој истакнуива дека Македонија многу му се допаднала, пред се поради гостопримството и пријателски настроениот народ.
Разговарал: Венцо Донев