Тивок преврат во Москва: Одземени ингеренциите на претседателот на АИБА

Тивок удар е направен врз претседателот на Меѓународната асоцијација за олимписки бокс (АИБА) Чин Куо-Ву, информира „Њујорк тајмс“„. На специјалниот собир на Извршниот комитет членовите на организацијата скокнаа против него и гласаа за привремено отстранување со 12 гласа за, 2 воздржани и 1 против. Тоа се случи за време на собранието во Москва.

Ву беше обвинет за жестоките финансиски проблеми во АИБА и огромните долгови акумулирани во последните години. АИБА ќе биде управувана од специјална комисија до следниот вонреден Конгрес, кој треба да се одржи во следните три месеци. На него делегатите треба да гласаат дали ќе има нов претседател, кој ќе го замени Ву.

Шефовите на светскиот бокс се спротивставија и на Меѓународниот олимписки комитет. Тие не ја прифатија одлуката за намалување на категориите кај мажите од 10 на 8 за сметка на зголемување на женските од 3 на 5. Оваа промена била одобрена тајно од Ву без да се консултира со другите свои колеги од Извршниот комитет на организацијата.

Ву е на чело на АИБА од 2006 година. Тој е член и на највисокиот спортски орган – Извршното биро на Меѓународниот олимписки комитет.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON