Тито Ортиз не престанува да се повлекува и да се враќа во ММА. Ортиз учествуваше на првиот настан на Голден бој, пр што го нокаутира Чак Лидл во главната борба на настанот, минатиот ноември во Калифорнија. Потоа Ортиз повторно објави дека се повлекува од ММА, но неодамна во интервју за ТМЗ изјави дека се премислил и би се борел во октомври.
„Не сум се повлекол и најверојатно ќе се борам во октомври. Моето тело е добро и сè е во ред. Тренирам и се борам само за забава. Имам противник, но не можам да ви кажам кој е тој“.
Ортиз е во серија од две последователни победи и пред неколку месеци се согласи на ревашн против Чаел Сонен, кој во јуни ќе се бори против Лиото Мачида, но тоа не би му пречело во октомври да се соочи со Тито.