Тишченко преголем за Русо, прв медал за Американците од 2008 г., Кубанците брилјираат

Evgeni Tishcenko Ruso

На петтиот ден на боксерскиот турнир на Олимписките игри во Рио де Жанеиро повторно брилјираа Кубанците.

Најдобро рангираните боксери во полумува и полутешка категорија Жуанис Агрилагос и Жулио Цезар Ла Круз се пласираа во четвртфиналето во своите категории.

Аргилагос во првата борба на денот го победи Петар Варуи од Кенија и во полуфиналето ќе се сретне со Колумбиецот Јуберхеном Мартинез. Ла Круз со победата над Турчинот Унал обезбеди средба со Мишел Борхес,кој беше подобар од Хрватот Хрвое Сеп.

joahnys argilagos oirio

Во четвртфиналето во тешка категорија Евгениј Тишченко едноставно беше преголем за Клементе Русо. 196 сантиметри високиот Русин ја контролираше борбата против 34-годишниот Италијанец, кој се обидуваше со движење и брзо намалување на растојанието да се здобие можност да пласира удар против 15 сантиметри повисокиот противник. Судиите мечот го боудваа 30-27, 29-28 и 30-27.

Првиот носител и актуелен светски шампион за финалето ќе се бори со Рустам Талаганов. Узбекистанецоти успеа да се врати откако претрпе нокдаун во првата рунда и да го победи Азербејџанецот Абдулкадир Абдулаев и со тоа да обезбеди најмалку бронзен медал.

Американците во Лондон останаа без медал во бокс, за да не се повтори тоа и во Бразил се погрижи за Нико Хернандез. Боксерот во полумува категорија влезе во полуфиналето со победа над Еквадорецот Карлос Квипo.

САД се рекордери по боројот на освоени медали на Олимписките игри, но златен медал не освоиле од 2004 година, кога во Атина тоа му успеа Андре Ворд.

nico hernandez usario

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON