Евгени Тишченко ја одбрани европска титула во тешка категорија на шампионатот во Харков.
25-годишниот Русин во финалето со едногласна одлука го победи Англичанецот Чивен Кларк (30:27 Х5). Тишченко е актуелен светски и олимписки шампион.
Од 10 категории Англичаните имаа финалисти во седум. Единстевното злато го освои Питер Мек Греил во бантам категорија.
Виктор Вихрист е новиот европски шампион во супертешка категорија. Во финалето беше подобар од Англичанецот Едвард Фрејзер Кларк.