Тимот на Волкановски: Имаме докази дека Махачев мамел!

Џо Лопез, тренерот на австралискиот ММА борец со македонско поеткло и актуелен шампион на УФЦ во перо категорија, Александар Волкановски, рече дека неговиот тим има докази за прекршување на антидопинг парвилата од страна на Русинот Ислам Махачев.

По мечот, тимот на Волкановски го обвини Махачев дека користел интравенски капки за да се опорави, но Австралиската боречка комисија објави дека нема да има истрага бидејќи нема докази за погрешно постапување.

„Не треба да мислите дека можете да дојдете во нашата земја и да заминете неказнето користејќи инфузија за закрепнување. Го направија тоа и не можат да го негираат тоа. Ова сигурно го знаеме и имаме доказ. Очигледно избраниците на Махачев сакаат да излезат од водата и да ги покријат трагите, но секој треба да добие правична казна. Правилата не можат да важат за некои, а не за други“, изјави Лопез за ММАЊуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО