Тимот на Канело: Го избравме Ковалев, затоа што знаеме дека може да го победиме

Канело Алварез напорно тренираше за борбата со Сергеј Ковалев на 2 ноември во Лас Вегас, каде што Мексиканецот ќе го предизвика шампионот на ВБО во лесна категорија.

За оваа битка, Алварез се качува на две категории.

Промоторот на Канело, Оскар де ла Хоја претходно изјави дека се обидел да го убеди боксерот да бара полесен предизвик.

Но, мексиканскиот тренер и менаџер, Чепо Рејено, е уверен дека Канело ќе го победи Ковалев.

„Големи оптимисти сме, благодарение на сите напорни тренинзи. Убедени сме, затоа што направивме сè како што треба. Тоа ќе биде одлично достигнување за Сол – нешто што го направија неколку боксери.

Мора да разберете дека заедно работиме 15 години и дојдовме до констатација дека тој се бори за својата четврта титула.

Канело е носител на ризици и отсекогаш ги сакаше предизвиците. Му се восхитувам на тоа. Знае каков ризик презема. Го знаеме стилот на Ковалев затоа што го гледавме со години. Знаеме дека е силен и висок, но сепак ја прифативме оваа борба, затоа што знаеме дека Сол може да го победи “.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО