Тил е под истрага за навредлив пост

Поранешниот предизвикувач за титулата на УФЦ во средна категорија, Дарен Тил беше блокиран на Инстаграм, откако полицијата во Мерсисајд започна истрага за навредливиот пост објавен од Британецот на социјалните мрежи.

Според органите на прогонот, Тил, познат по својата необична смисла за хумор, ја премина границата со шега за трансродна бременост.

„Кога си во транс и мислиш дека си бремена“, напиша Тил, додавајќи фотографија.

„Објавата доби 100.000 лајкови и би рекол дека беше добар ден за објавување на Инстаграм“, напиша Тил на Твитер.

https://twitter.com/darrentill2/status/1421038339193516033?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1421038339193516033%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fmma%2Frazsledvat-til-zaradi-obiden-post%2F

„Подготвувам уште поофанзивен пост викендов, затоа вклучете го известувањето за објавата!“, додаде тој.

Дарен Тил ќе се врати во октагонот на 4 септември и ќе се соочи со Дерек Брансон.

Со оглед на тоа колку внимателно УФЦ ги третира ваквите скандали, вклучувањето на Британцот во оваа битка може да биде доведено во прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО