Ти Џеј Дилшоу со многу тешка победа против Сандхаген во Лас Вегас

Поранешниот шампион во петел категорија ТЈ Дилшоу се врати по 2-годишно отсуство поради казна од УСАДА. 35-годишниот Американец се сретна со Кори Сандхаген на УФЦ на ЕСПН 27 во Лас Вегас, на Институтот УФЦ. Дилшоу слевеше со поделена одлука (47-48, 48-47, 48-47).

Во првата рунда Дилшоу започна да притиска и двајцата направија многу финти. Т Џеј направи комбинација од удари со рака и нога, а Кори му врати со десницта и ножен удар. Сандхаген се обиде со летечко колено, но не успеа и ја заклучи главата на Дилшоу со нозете кој се извлече. Влегоа во клинч каде што Т.J. ја контролираше ситуацијата. Следеа добри размени на удари до крајот на рундата.

https://twitter.com/sportzstewcom/status/1419120357823459328?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1419120357823459328%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fmma%2Fdilashou-grabna-uspexa-v-izklyuchitelno-ravnostoen-mach-ss-sandxagen%2F

Во втората рунда Кори се разбуди и зададе многу добри удари. Му нанесе сериозна повреда над окото на Дилшоу и битката беше прекината за да се дозволи лекарска интервенција. Херб Дин ја продолжи борбата откако докторот даде дозвола. Кори успеа да го разниша ТJ во оваа рунда. Дилшоу можеби имаше предност во првата рунда, но оваа сигурно беше за Сандхаген.

Во третата рунда размената продолжи и Дилшоу продолжи да притиска и да бара клинч. Т.Ј. го притисна противникот кон мрежата и го удри со коленото. Неговата повреда правеше проблеми, но Дилшоу притискаше. TJ удира со нозе, а Кори се обидува со атрактивна изведба, но е соборен на партер. Двајцата стојат и разменуваат удари до крајот на рундата.

Во четвртата рунда ТJ продолжи да ја напаѓа водечката нога на Кори. Размена на крошеа и нова канонада удари од Дилшоу. Нов клинч и контрола од поранешниот шампион. Комбинација од Дилшоу и десни крошеа од Сандхаген. Ножни удари од ТЈ и брутален удар со пресврт во последните секунди на Сандхаген. Многу изедначен меч и по 4 рунди многу луѓе беа на мислење дека резултатот е 2-2.

Во последната рунда ТЈ повторно притисна и удираше со нозе. Кори ги враќа крошеата и прави комбинација. TJ се држи до Кори и го спушта на колена, а потоа му задва удари со лакти. Клинч и удари од Дилшоу. Серија размени на удари и крај на изедначен меч. Никој не знае што да очекува од судиите, кои му доделуваат победа со поделена одлука за ТЈ, а Сандхаген не може да верува во тоа.

Со оваа победа, ТJ се врати на победите и влезе во серија од 5 последователни победи во петел категорија. Тој победи во 5 од последните 6 битки. Кори, пак, ја загуби серијата од две последователни победи со нокаут. TJ посака шанса за титула или борба со борец од топ 5 во категоријата.



Резултати – УФЦ на ЕСПН 27:
Т.Ј. Дилшоу – Кори Сандхаген – поделена одлука (47–48, 48–47, 48–47)
Раулијан Паива – Кајлер Филипс – одлука на судиите (29–28, 29–28, 28–28)
Дарен Елкинс  Дарик Минер – ТКО (удари), Р2 (3:48)
Мејси Барбер – Миранда Маверик – едногласна одлука (28-29, 29-28, 29-28)
Адријан Јанез – Ренди Коста – ТКО (удари), Р2 (2:11)

Воведни борби:
Брендан Ален – Пунахеле Соријано – едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Насурдин Имавов – Јан Хајниш – ТКО (удари), Р2 (3:09)
Мики Гал – Џордан Вилијамс – завршница (давење од позади), Р1 (2:57)
Хулио Арце – Андре Евел – ТКО (удари),Р 2 (3:45 часот)
Сијара Јубенкс – Елиз Рид – ТКО (удари), Р1 (3:49)
Дијана Белбита – Хана Голди – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО