Тери Фланаган излета на теренот за да слави со Ерлинг Халанд (ВИДЕО)

Поранешниот британски ВБО светски шампион во лесна категорија Тери Фланаган упадна на теренот за време на мечот од 3. коло од англиската Премиер лига меѓу Шефилд Јунајтед и Манчестер Сити (1-2). Веста доаѓа од Сан.

Во 63. минута напаѓачот Ерлинг Халанд го постигна првиот гол на натпреварот. Тогаш еден човек влета на теренот и истрча кон Норвежанецот и му скокна на грб. Фланаган отиде уште подалеку и го бакна играчот во образ.

Обезбедувањето веднаш интервенира и го отстранија насилникот од теренот. Навивачот кој го нападна теренот подоцна беше идентификуван како Фланаган, кој е голем навивач на „Граѓаните“. Манчестер Сити моментално е на врвот на табелата во Премиер лигата.

Во својата боксерска кариера Фланаган забележа 36 победи и 2 порази. Тој забележа 14 победи со нокаут, а 2 порази му беа со одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО