Теренс Карфворд доминираше против Постол и ги обедини титулите во полувелтер (ВИДЕО)

Kraford Postol

Во судирот на непобедените боксери во Лас Вегас, Теренс Крафворд (29-0, 20 КО) потврди дека еден од најдобрите во светот.

28-годишниот Американец доминираше во борбата против Виктор Постол (28-1, 12 КО) и на неговата ВБО ја додаде и ВБЦ титулата во полувелтер категорија.

Крафорд пред седум илјади гледачи во текот на борбата два пати го имаше Украинцот во нокдаун – обата во петата рунда. На крајот на 11 рунда судијата Тони Викс му одзеде поен на Постол поради удар во тилот.

Судиите мечот го бодуваа 118-107, 118-107 и 117-108.

„Вечерва се држев до она што го знам. Го гледав и ми рекоа дека има најдобар преден директ во боксот. Во категоријата. Вечерва се докажа спротивното. Сите велеа да бегам од него. Ние ја баравме оваа борба. Ние отсекогаш ја сакавме оваа борба“, вели Крафорд по победата.

Во борбата за испразнетата титулата на ВБО во перолесна категорија Мексиканецот Оскар Валдез (20-0, 18 КО) во втората рунда го нокаутираше претходно непоразениот Матијас Руеда (26-1, 23 КО).

https://youtu.be/f8xx6JJdLhU

https://youtu.be/tWSSuw-zgGk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО