Теофимо Лопез се повлече од боксот на 25 години

Поранешниот oбединет светски шампион во лесна категорија (до 61,2 кг), Американецот Теофимо Лопез (19-1, 13 КО) објави дека се повлекува од боксот.

На 11 јуни во Њујорк Лопез го победи Британецот Џош Тејлор и ја освои титулата на ВБО во лесна велтер категорија. Теофимо Лопез има само 25 години.

„Какво олеснување! Застанувам на врвот. Му благодарам на боксот за неверојатниот живот кој ми го даде мене и на моите најблиски”, напиша Лопез на социјалните мрежи.

Американецот во професионалниот ринг дебитираше во 2016 година, а во декември 2019 година првпат ја освои шампионската титула. Потоа го нокаутира шампионот на ИБФ во лесна категорија, Ричард Коми. Во октомври 2020 година Лопез ги обедини титулите откако го победи Украинецот Васил Ломаченко.

Теофимо се повлекува со боксерски скор од 19-1 и победничка серија од 3 борби. На крајот на 2021 година загуби од Девин Хејни и со тоа се раздели со титулите во лесна категорија. Сепак, Лопез остава простор за враќање, но за големи пари.

„Мислам дека единствениот начин да ме натерате да се вратам е да добијам деветцифрен договор. На крајот на краиштата, заработив над 100 милиони долари за ЕСПН, но тие ми плаќаат само еден милион по борба.

Сите други борци не заработија четвртина од она што го заработив во спортот, но добиваат 8, 10, 12, 15 милиони долари“, рече Лопез на Јутјуб каналот Потер веј подкаст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON