Ислам Махачев: „БМФ“ е појас за губитниците

Ислам Махачев не е заинтересиран за титулата „БМФ“ и смета дека УФЦ овој појас го дава на борци кои не можат да освојат вистински појас.

Титулата „БМФ“ ти дава право да се нарекуваш најлошото копиле во УФЦ. Пред неколку години Хорхе Масвидал и Нејт Дијаз се бореа за овој појас што го измисли Дана Вајт. Масвидал го доби натпреварот и го држеше тој појас. „Гејмбред“ се повлече од ММА, а сега Вајт им дава шанса на уште двајца борци да се борат за него.

Дастин Пориер и Џастин Гејџи во јули ќе се борат за појасот „БМФ“ на УФЦ 291 во Солт Лејк Сити. Победникот може да ја освои и титулата во лесна категорија што ја поседува Ислам. Во интервју за Даниел Кормиер Махачев изјави дека појасот „БМФ“ е титула за губитници.

„Доколку Пориер го победи Гејџи и стане кандидат за титулата, тогаш ќе дојде со појасот „БМФ“. Не сакам такви глупости. Каков е овој појас? Тоа е појас за губитниците. Кои беа двајцата кои први се бореа за овој појас?

Масвидал и Дијаз. Двајца кои никогаш не можат да бидат шампиони, знаеш? Дана мора да го запре ова. Можам лесно да ги победам овие момци. Не им го сакам тој „БМФ“ појас.

Мислам дека Пориер ќе го победи Гејџи. Што може да направи Гејџи против Пориер? Дастин има подобар бокс од Гејџи. Нивната борба ќе биде боксерски меч“, изјави Махачев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО