Теодор Стојановски на прием кај министерот Борко Ристовски

Освојувачот на сребрениот медал на Европското таеквондо првенство за кадети во Тирана, Албанија, Теодот Стојановски денес имаше прием кај министерот за спорт Борко Ристовски.

Ристовски на европскиот кадетски вицешампион му посака многу успех и во иднина, притоа истакна дека тој лично и министерството му честитаат за врвниот спортски успех во олимписки спорт.

„Министерот исто така додаде дека Теодор во иднина ќе добие сериозна поддршка од Министерството за спорт, се со цел Македонија да добие нов олимпиец со олимписка норма“, велат од Макеоднската таеквондо федерација..

Теодор Стојановски од ТК Бутел на ЕП ги елиминира репрезентативците на Кипар, Украина и Британија.

„Македонското олимписко таеквондо продолжува да диктира високо темно на врвен спорт, да поставува критериуми за релевантни врвни спортски успеси“, истакнуваат од МТФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО