Теодор Георгиев по стапките на вујоко му Бобан Данов (ФОТО)

Вчера на Балканското првенство за кадети и пионери во Ксанти, Грција, Теодор Георгиев го освои златниот медал во категоријата до 110 килограми во кадетска конкуренција. Но, тоа веќе е стара вест. Ништо не е случајно, бидејќи Теодор и внук на поранешниот репрезентативец во борење и сега селектор на репрезентацијата во борење, Бобан Данов.

Како што ќе рече популарниот Б’зи „крвта не бидува вода“! Теодор му е внук од сестра. Според фотографиите, може да се забележат многу сличности, како во конституцијата, така и во ликовите, но и настапот во тешка категорија.

Данов не кажува кој е подобар на тренинзите на БК Балканец, тој или внукот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО