Непоразениот феномен Теншин Насукава ќе се бори против Флојд Мејведер на „Ризин 14“, кој ќе се одржи на 31 декември во Јапонија. Тие на заедничка прес-конференција официјално ја најавија борбата, но правилата допрва треба да бидат објаснети. Какви и да се, Насукава е уверен во победата против Мејведер.
„Апсолутно ќе победам во таа борба, затоа што сум роден за да го сменам светот со оваа тупаница. Кој ќе се бори заедно со мене како тим Теншин? Ќе видам на Ризин 14“, рече Теншин.