Комисијата за регистрација при Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) постапуваше по пријавите во преодниот рок, при што најмногу добија БК Тефејуз и БК Спартак, а за ѕвездата на преодниот рок Бобан Данов немаше документација за премин во Вардар.
Бајарам и Реџеп Хајдари, како Идриз Идар и Аган Мамути од БК Скопје преминаа во Тефејуз, но тие се во помалите возрасни конкуренции, а Иван Викиќ и Александар Павлев од Вардар се вратија во матичниот клуб Спартак од Кочани, додека за екипата на Студеничани е регистриран Фати Вејсели кој настапуваше за Лирија.
Не е решено само едно барање поради нецелосна документација. Од друаг страна, тренерот на Вардар, Љубиша Пешко, најави на вардарфанс.мк дека репрезентативецот Бобан Данов од Балканец преминува во Вардар, но ФБСМ истакнаа дека немало никаква документација за овој трансфер. Така, сега за сега, Данов останува борач на Балканец.