Борачите на Тефејуз од Скопје ќе патуваат на силниот меѓународен турнир „Карахманмараш 2016“ во Турција во истоимениот град, кој е од 9 до 10 февруари. Боите на Тефејуз ќе ги бранат Армин Идризи -57 кг, Амар Мурат -57, кгЕртан Реџхепи -65 кг, Јетмир Имери 65 кг, Бехар Махмути 70 кг и Арсим Зејнулаху 96 кг.
На турнирот се очекува да настапат борачи од 25 земји, како и многу силни домашни претставници. За прво место се доделува награда од три илјади долари, за второ две илјади и 500 за трето место, а ќе има две трети.
„Тефејуз на овој турнир учествуваше во 2013 година и сега, пак, по три години ќе одеме таму. Последен пат за бронзен медал изгубив од еден Русин. Турнирот е феноменално организиран и е многу квалитетен. Местото е далеку 1500 км од Скопје, но вреди да се патува до таму“, ни изјави Ертан Реџепи.
Ipon.mk/В.Д.