Екипата на БК Тефејуз е специјален гостин на најголемиот турнир во историјата на пеливанското борење „Киркпинар 2016“ во Едрене – Турција.
Овој турнир се одржува 655 години без прекин. Тефејуз го предводи легендата на борењето, Назми Али, како поранешните најдобри баш пеливани на Македонија Хасан Бислими, Мухамед Џони, а покрај нив е и репрезентативецот Ертан Реџепи.
„Овде сме специјални гости на турнирот. Многу добро сме пречекани од организаторот. Ова е најголема организација во пеливанско борење во Турција каде што учествуват 1950 натпреварувачи и ќе трае три дена, а утре се финалните борби“, велат од Тефејуз.
Ipon.mk/В.Д.