Пулев добива втора шанса за светската титула против Ентони Џошуа

Pulev Dzosua

Кубрат Пулев ќе добие нов меч за светската титула, изјави менаџерот на боксерот, Кале Зауерланд. Станува збор за појасот на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ/IBF), кој е во сопственост на Британецот Ентони Џошуа.

Шампионот е подготвен да направи неколку одбрани на титулата во следните месеци, а од неговиот табор објавија листа на тројца потенцијални ривали – задолжителниот кандидат Џозеф Паркер, поранешниот светски шампион на ВБЦ, Бирмејн Стиворн и Пулев. Зауерланд е сигурен дека Бугаринот ќе стигне до натпревар за титулата, без разлика дали на крајот на оваа или на почетокот на следната година.

„Мислам дека овој меч ќе се случи. Треба само да се договориме дали ќе биде доброволна одбрана. Пулев е број два на ранглистата, по Паркер и дефинитивно ќе биде следниот задолжителен кандидат. Па дали оваа или следната година, оваа средба ќе го има“, изјави Германецот.

„Очекувам да биде одлична борба. И двајцата големи момци. Џошуа громогласно влезе на професионалниот ринг, но мислам дека се уште го учи занаетот. Тоа добро се виде на неговиот последен меч. Пулев е многу силен и според мене шансите против Џошуа му се 50-50“.

Зауерланд очекува популарниот Кобра многу подобро да се справи во втората средба за светската титула во споредба со претходната против Владимир Кличко кон крајот на 2014 година

„Сите зборуваат за поразот од Кличко, но тој пристапи со тотално погрешна стратегија за таа средба. Се е во ред. Не треба да заборавиме дека пред да загуби, тој успеа да го здрма Кличко, кој тогаш беше непобен долги години. Пулев не е боксер кој има само еден удар. Нокаутирал ривали од типот на Џошуа, како Димитренко и Устинов. Ќе биде вистински меч и очекувам да е многу интересен. Само треба да видиме дали ќе сакаат сега да го направиме или ќе претпочитаат да почекаат до следната година“, додаде Зауерланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО