Боречкиот клуб Тефејуз од Скопје доби нов претседател на Управниот одбор, Сабит Ибрахим, а негови заменици се боречкиот ас Шабан Трстена и Хусрев Емин.
Во раководтсвото на клубот влегоа и Наим Рамука како секретар, додека тренер и координатор е Назми Али, а членови на УО се Нусрет Џафери, Мухамед Мустафа, Месут Мусли и Седат Шерифи. Сите што влего во раководството на клубот се поврзани со борењето, а некои од нив и се занимавале со овој трофеен спорт.
Новото раководство како приоритет си ја постави изградбата на салата за борење во ОУ „Тефејуз“, потоа обезбедување на буџет со кој ќе се овозможат сите настапи на домашната сцена и на меѓународен план. Ќе се засилуваат врските со Турската федерација за борење, така што ќе се придонесе за унапрдување и на македонското борење. Од друга страна, работите се разграничени, УО ќе се грижи за функционирањето на клубот, а тренерскиот кадар за стручната ратбота.
На вчерашното Собрание на Тефејуз присуствуваа и претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, Ванчо Чифлиганец и спортскиот дирекотор во ФБСМ, Насе Насев.
Ipon.mk/В.Д.